Во сообраќајка кај Гостивар згасна млад живот

Двесет и петгодишник со иницијали Х.А. од село Здуње загинал во сообраќајка што се случила попладнево во близина на Гостивар. Според полициските информации, несреќата се случила на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево околу 14:30 часот, на излезот од градот.

Додека возел мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, Х.А. удрил во трактор со приколка што го управувал Ш.А. (26). Набрзо по несреќата, екипа на Брза помош дошла на местото, но дежурниот лекар констатирал смрт која настанала како последица од повредите што ги задобил при ударот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password