ИСТОРИЈА: МАКЕДОНИЈА НА ЕУРО 2021
Македонија ќе настапува на Европско во фудбал.
Тоа е моментот кој целокупната македонска јавност, па и онаа што помалку ги следи спортските или фудбалски возбудувања, но секако вечерва со трепет во душата го гледаше настапот на македонските фудбалери во Тбилиси.
А, таму. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски забележаа минимална победа со 1-0 над домашната Грузија, победа која ја одведе фудбалска Македонија во друштво на европскиот крем.
Мудро и со стрплива игра нашите фудбалери стигнаа до посакуваниот успех и тоа преку италијанското трио.
А, човекот на одлука беше кој друг ако не „Гранде Пандев“ или преведено големиот Горан Пандев. Најдобриот фудбалер на Македонија уште еднаш си го потврди своето место во историјата со голот што го постигна во 56-минута, а по акцијата што ја започна Елиф Елмас, па по асистенцијата на Илија Нестороски.
Имаа среќа Грузијците што нивната мрежа беше затресена само еднаш, бидејќи по шансите особено на Елмас победата на Македонија можеше да биде и многу поголема.
Но. Доволно и тој еден гол па конечно за прв пат во историјата една македонска фудбалска селекција да се најде на завршницата на Европскиот шампионат, во одбраното друштво на најдобрите, на оние кои досега само ги гледавме на малите екрани.
А, на шампионатот следното лето, нашите фудбалери ќе играат во Ц групата и тоа во друштво на една Холандија, Украина и Австрија.
Радоста во нашиот табор е голема, но веќе в недела, нашата селекција ја очекува нов дуел и тоа во Лигата на нациите против Естонија во Скопје, сигурно вистинско место, со нова победа да се прослави големиот успех, пласманот на Европскиот шампионат.
Сител