По 6.000 денари на картички добиваат пензионери, невработени, студенти – вкупно 280.000 луѓе

Владатата ќе даде платежни картички Купувам домашно на 283.000 граѓани на државата во вкупна вредност од 27,6 милиони евра. По 6.000 денари на картичка ќе добијат пензионерите, граѓани од ранливи категории, студенти

Премиерот Зоран Заев соопшти кои се мерките од четвртиот пакет антикризни мерки, меѓу нив една е мерката за платежни картички.

„Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници, рече Заев.

Ваква картичка ќе добијат и 540 студенти кои не добиле во претходниот пакет, плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Право на картичка ќе има и граѓаните кои навршиле возраст за пензионирање, ама немаат пензија ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password