Кривична за момчето кое нападна тројца полицајци

Кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето, изјави Џељал Бајрами, јавен обвинител. Со настанот не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало влијание врз гласачите во остварување на правото на гласање. Генерално, впечатокот е дека гласањето се одвива без поголеми нерегуларности.

„Секторот за внатрешни работи Скопје го извести обвинителството за извршено кривично дело, денеска во 9,20 часот во дворот на ОУ ” Лазо Ангеловски” во Скопје на гласачко место број 2708. Делото е извршено од едно лице кое нападнало тројца униформирани полициски службеници. Осомничениот е задржан во полициска станица. Во координација на Основното јавно обвинителство Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик. Со овој настан не е нарушен процесот на гласање, ниту пак имало некакво влијание кон гласачите во остварување во гласачкото право. Други пријавени незаконитости на територијата на надлежност на Вишото јавно обвинителство Скопје нема – велат од Обвинителството.

Бајрами рече дека има сознанија за мал инцидент во Радовиш каде едно лице фрлало летоци.

Во Кочани, во 11.30 минути, надвор од избирачко место по завршено гласање биле упатени закани од едно на друго лице, но истите немале влијание врз процесот на гласање.

Во Штип има случај на неовластено фотографирање. Фотографирано било лице кое носело храна на избирачко место. Лицето кое неовластено фотографирало е задржано во полиција на разговор.

На територија на надлежност на Вишото јавно обвинителство Гостивар до 14.30 минути не се пријавени неправилности поврзани со процесот на гласање, ниту посериозен инцидент кој би го попречил референдумскиот процес.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password