Каде има најголема излезност до 15 часот

Во општина Сарај има најголема излезност од 15 часот, покажуваат податоците од  Државната изборна комисија. Таму до овој пресек на референдумот се изјасниле 36,5 отсто од запишаните избирачи. Претходно односно во 13 часот, општина Центар беше општина со најголема излезеност. Во 15 часот таа е на второ место односно таму до тогаш излегле 34,9 отсто од регистрираните избирачи.

Во Карпош излезноста е 32,2 отсто од запишаните гласачи. Во Крушево 28,87 отсто, Гевгелија 27,19 отсто, Дојран 27,66, Арачиново 26,77, Аеродром 24,99 отсто, Берово 24 отсто, Богданци 24,09, Бутел 24,45, Долнени 24,43, Кочани 23,82, Македонски Брод 23,39, Охрид 25,30, Прилеп 25,25, Струмица 24,11, Тетово 26,18, Чаир 27,45 …

До 15 часот најмала излезност има во Општина Ново Село каде излегле 9,9 отсто од гласачите, во Илинден 10,49 отсто, Босилово 11,44 отсто.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password