Кукан: Нема план Б, очекуваме позитивен исход од референдумот

Европарламентарците Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан
денеска во Скопје им порачаа на граѓаните да кажат „да“ на претстојниот референдум,
нагласувајќи оти од тоа зависи европската интеграција на земјата. Тие денеска на пресконференција
во Скопје напоменаа дека спорот е препрека за интеграцијата на земјата,
бидејќи одлуките во Унијата се носат консезуално.
– Ако не се надмине спорот со Грција тоа значи дека и во иднина ќе го имаме истиот проблем.
Знаете дека сите земји-членки треба да се согласат за да се донесе одлука. Имавте спор со
Грција, сега постои можност тој да биде конечно решен и ќе бидеме многу задоволни ако тоа
се случи. Ќе биде послесно за сите, да се забрзаат работите и затоа барам да кажете „да“,
рече Флекенштајн, одговарајќи на новинарско прашање на што доколку референдумот не
успее.
Кукан осврнувајќи се на истото прашање рече дека не размислуваат на план Б.
– Не размислуваме за план Б. Размислуваме за план А, дека резултатот од референдумот ќе
биде позитивен и ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ, се надоврза Кукан.
Двајцата европарламентарците претстојниот референдум го означија како историски момент,
со кој се отвора можноста позитивно да се влијае врз европските и евроатлатнските аспирации
на Македонија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password