Шекеринска: Нема поголеми избори и изјаснување од референдумот

Поголеми избори и појасно изјаснување од претстојниот
референдум нема да имаме. Таа порака граѓаните ќе ни ја упатат на 30 септември и затоа
нашиот повик до сите е да го искористат тоа право и да го кажат својот став, одговори
министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали предвремените
парламентарни избори се опција „Б“ по изјаснувањето на пратеници од ВМРО – ДПМНЕ дека
нема да гласаат за уставните измени.
– Овој дел на дискусиите во рамки на Парламентот покажуваат дека некои партии повеќе
тераат партиска политика отколку државна политика и жалам за тоа. Ги чувме повиците сите
граѓаните да гласаат според своето убедување и мислење. Верувавме на тие зборови. Ги
чувме изјавите дека доколку референдумот биде позитивен со поддршка за наше членство во
НАТО и ЕУ и прифаќање на договорот, верувавме во тие зборови затоа што сметаме дека
навистина политичките партии имаат одговорност за тоа што го кажуваат. Вистинската адреса
за овие прашања е во партијата која испраќа три различни верзии на едно исто прашање. Три
различни одговори, рече Шекеринска по денешното отворање на 4. Мобилен летен
универзитет на Балканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password