Фон дер Лаин: Имате уникатна шанса, искористете ја (видео)

Сакаме да ја градиме Европа заедно со вас. Убедена сум
дека референдумот ќе биде успешен и дека на крајот ќе се движите по вистинскиот пат, изјави
германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин на денешната заедничка пресконференција
во македонското Министерство за одбрана со нејзината македонска колешка
Радмила Шекеринска.
– Референдумот претстои. Знам дека тој е поврзан со името на вашата држава, вашиот
идентитет и историја, но сепак во овој референдум гледам голема шанса. Верувам дека
граѓаните на вашите земја ќе земат активно учество. Од нашето искуство во врска со
германското обединување можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се
искористат. И кога зборувам за искористување на шансата сакам да кажам дека зборувам за
обединета Европа, дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас, рече
министерката Фон дер Лаин.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password