Димитров до Иванов: Срамно е да повикувате на бојкот

„Не можам да кажам дека ме изненади Иванов. Вели дека ќе го брани Уставот, но не може да се брани Уставот со кршење на истиот. Законот за ратификација на договорот беше изгласан во Собранието и по втор пати, и Уставот вели дека претседателот е должен да го потпише. Ние сме демократска држава. Граѓаните бират кој ќе им служи со гласање. Нема поголемо демократско средство од тоа да ги прашате граѓаните. Затоа е референдумот. За ова прашање изгубивме многу генерaции, а јас како што паметам во нивната кампања имаше план за референдумот. Самиот Иванов истакна дека ако има заедно прифатливо решение и договор на двете страни на маса, ќе се излезе на референдум. А, сега после ваков договор кој го имаме да се каже дека ќе се бојкотира, е срамно бегство од одговорност, и тоа да се искаже, не од тука, туку од преку Океанот“, истакна Димитров.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password