Заев: Верник сум, некогаш чуда се случуваат

Заедно со премиерот Алексис Ципрас остануваме целосно посветени на перспективите на новиот Балкан на 21 век. Балкан во кој ќе се гради пријателство, во кој ќе се унапредува соработката, каде што ќе придонесуваме за подобар економски раст и раст на нашите земји, на посреќни граѓани и секако на зголемена трговија, нови инвестиции и подобар економски стандард на граѓаните и на Македонија и на Грција, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

-Јас сум среќен заради целосната посветеност на Република Грција кон овој договор. Можам да ја потврдам и нашата целосна посветеност. Негувам надеж дека утре парламентот ќе собере сили, дека пратениците ќе се одважат и охрабрат, затоа што, пред сѐ, се претставници на граѓаните, а потоа на политчките партии и ќе се исправат пред историската одговорност, пред оваа непропустлива шанса за Македонија. Конечно да дадат пас за потврдување на потребата за отварање на уставни промени – рече премиерот Зоран Заев.

Објасни дека потоа ќе следува нацрт на уставните амандмани, по кои ќе се дискутира, ќе се одобрат, па ќе има јавна дебата и на крајот е гласањето за самите уставни амандмани. Побара да му се даде живот на овој процес, бидејќи, како што рече премирот Заев, тоа е единствената гаранција за подобри перспективи на сите граѓани, исполнување на нашите стратешки цели-ЕУ и НАТО и секако е шанса која не смее да се препушти.

На новинарско прашање дали не се откажува од мнозинство и како ќе успее да го обезбеди, претседателот на македонската влада рече дека е верник и дека некогаш чуда се случуваат.

-Дебатата е отворена и навистина прифативме многу иницијативи кои дојдоа од пратениците. Јас сум подготвен и понатаму да разговарам за иницијативите од самите пратеници во функција на тоа што е произлезено како дополнителна грижа од преговарачкиот процес, од прогласувањето на договорот, од кампањата за референдумот, а тоа е да најдеме начин да го зацврстиме иднтитетот, да го потврдиме јазикот, да го гарантираме тоа што го правиме дека ќе биде исполнето од грчка страна, да ја гарантираме европската иднина на Македонија и се со една цел заедно ова да го направиме, оти си личи заедно. Треба да се направи заедно, по пат на конзензус. Но, еве мое очекување е и во тоа верувам дека до утре ќе соберат сили. Ќе се изнедри енергија, ќе се собере храброст, ќе се сплоти одговорност за да се добие минимум двотретинско мнозинство и да се даде пас на отпочнување на постапката за уставни промени – одговори премиерот Заев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password