Метју Палмер во понеделник доаѓа во Македонија

Заменик помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, во понеделник (22 октомври) доаѓа во Македонија.

Палмер, како што најавија од американската амбасадата, доаѓа за да разговара за поддршката на САД за Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија.

Тој ќе се состане со владини и партиски функционери, вклучително и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password