ТРАГЕДИЈА: Прилепчанка убиена од нејзиниот љубовник пред очите на синот
Триесет и тригодишна прилепчанка е убиена од триесет и шестгодишен маж со кого била во љубовна врска. Убиството се случило синоќа во периодот од 21:30 до 22 часот пред очите на нејзиниот 10-годишен син.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 36-годишниот Х.К е приведен бидејќи по претходна вербална расправија со жртвата, со неколку убоди од нож во градниот кош ја убил 33-годишната Е.Г.
Убиството се случило во неговиот дом во населбата Тризла каде дошла жртвата заедно со нејзиниот син.
Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.
Од Основното јавно обвинителство во Прилеп информираат дека надлежен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи и оти се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатата. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на случајот.