ТРАГЕДИЈА: Прилепчанка убиена од нејзиниот љубовник пред очите на синот

Триесет и тригодишна прилепчанка е убиена од триесет и шестгодишен маж со кого била во љубовна врска. Убиството се случило синоќа во периодот од 21:30 до 22 часот пред очите на нејзиниот 10-годишен син.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 36-годишниот Х.К е приведен бидејќи по претходна вербална расправија со жртвата, со неколку убоди од нож во градниот кош ја убил 33-годишната Е.Г.

Убиството се случило во неговиот дом во населбата Тризла каде дошла жртвата заедно со нејзиниот син.

Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол, а точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот.

Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.

Од Основното јавно обвинителство во Прилеп информираат дека надлежен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи и оти се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатата. Се преземаат сите дејствија за целосно расчистување на случајот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password