Палмер: Осумдесетте гласа за поддршка на Договорот од Преспа го отвораат патот за европска иднина

фото/радио слободна Европа

 

Осумдесетте гласа за поддршка на
Договорот од Преспа во Собранието претставуваат историска
пресвртница и го отвораат патот за европска иднина за Македонија и
македонскиот народ, изјави денеска заменик-помошникот државен
секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер ма пресконференцијата
со премиерот Зоран Заев.
– Како што се движите на патот кон европската и евроатланската
интеграција, кон членството во НАТО, кон отворањето на преговорите за
членство во ЕУ и членството во ЕУ, Македонија, македонските лидери,
македонскиот народ може да сметаат на поддршката на САД. На средбатасо Заев разговаравме за Преспанскиот договор, за неговата
имплементација, за процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, како
и за можностите за натамошна соработка меѓу Македонија и САД, рече
Палмер.
Заев посочи дека средбата со Палмер доаѓа во исклучително важен
момент на Македонија и само неколку дена по големиот исчекор кон
иднината направен во Собранието.
– Се согласивме дека одлуката на пратениците има историско значење.
Таа одлука на пратениците и од позицијата и опозицијата уште еднаш ја
потврдија евроатлантската определба за иднината на нашата
земја. Пратениците и демократските сили во земјата храбро преземаа
одговорност и испишаа историја, рече Заев

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password