ОЈО: Дел од обвинетите од „27 април“ организирани и со фантомки влегле во Собранието

Александар Василевски-Нинџа, Никола
Митревски-Кољо, Горанче Ангеловски-Ќосето, Стефан Младеновски,
Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто,
Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски и Митре
Питроповски, обвинети во предметот за „27 април“ од настаните во
Собранието на РМ, се лицата кои истиот ден биле во кафе барот „Дион“ во
ГТЦ и потоа организирано се упатиле кон Парламентот, каде со фантомки
на главите со толпата, влегле во законодавниот дом.
Ова денеска на рочиштетот во Кривичен го истакна обвинителката Ивана
Трајчева појаснувајќи ги видео снимките кои се презентираа како доказиод камерите на Стопанска банка, Собранието, телевизски снимки…
На снимката се гледа дека во 17:23 часот повеќе лица излегуваат од
„Дион“, за кои обвинителката Трајчева рече дека еден од нив со бело
елече е обвинетиот Никола Митревски-Кољо кој според неа и денеска во
судницата и го носи истото елече. Појасни дека во 17:45 часот се гледаат
две лица од кои едниот со црна маица е Горанче Ангеловски Ќосето, а
другиот со тетоважа на раката е Илија Славески, како влегуваат на
терасата во „Дион“ каде ги пречекува и се прегрнуваат со Александар
Василевски-Нинџа. Од снимките се гледа како Стефан Младеновски доаѓа
со мотор до „Дион“ и носи кеса. Во 18:40 во „Дион“ влегуваат шест лица,
еден од нив е Игор Југ, подоцна се гледа обвинетиот Влатко Трајковски, а
во 19:13 минути се гледа како седум лица се движат кон кафе-барот, од
кои петмина имаат натписи на маиците. Со групата е и обвинетиот Јане
Ченто. Подоцна, на неколку снимки од Стопанска банка, целата група од
„Дион“ се движи кон Собранието на РМ

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password