Иванов: Реалност е дека референдумот не успеа

Тивкото мнозинство одлучи, реалност е дека референдумот
не успеа. Не се обидувајте да ја измените оваа реалност, порача денеска претседателот Ѓорге
Иванов во обраќањето до јавноста.
– Не се обидувајте да ја измените оваа реалност, не ја потценувајте суверената волја на
македонскиот народ. 36,9 отсто излезеност не е волја на народот, туку 63,1 отсто кои не
излегоа. Реалност е дека референдумот не е успешен. Време е за одговорност. Поддршката за
ЕУ и НАТО од над 80 отсто ја сведовте на само 36,9 отсто. Ги манипулирате и нашите граѓани и
нашите европски и евроатлантски партнери. Им пласирате лажни перцепции, рече Иванов.
Референдумот не е анкета, истакна Иванов и додаде дека одлуката на граѓаните обврзува.
– На референдумот вие граѓаните непосредно ја остварувате вашата суверена власт.
Собранието таа одлука мора да ја почитува, рече Иванов.
Додаде дека само цврсто сплотени околу „нашите државни интереси, почитувајќи го уставниот
и правниот поредок може да го изодиме патот до европското и евроатлатското семејство“

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password