Могерини и Хан: Собранието да го спроведе договорот

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ
Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во заедничка декларација,
порачаа дека огромното мнозинство од граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција.
– На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право
на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за европскиот пат. Парламентот е сега
повикан да продолжи со следните чекори за имеплементација на договорот за името преку
одлука за усвојување на уставните промени, пишува во изјавата на Могерини и Хан.
Ова е историска прилика, велат тие, не само за помирување во регионот туку и за одлучно
напредување на патот кон ЕУ.
– На сите политички и институционални актери сега е да делуваат во рамките на нивната
уставна одговорност надвор од партиските линии. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува земјата и
нејзините граѓани, порачаа Могерини и Хан.тм/са/11:56

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password