13 загинати во тешката сообраќајна несреќа, потврди министерот Филипче
13 загинати во тешката сообраќајна несреќа, потврди министерот Венко Филипче.
Седум починале на лице место, пет во градската болница „8-ми Септември“.
Очевидците велат дека ситуацијата е страотна и дека додека да стигнат ургентните екипи локалното население пружало помош на настраданите.
Несреќата се случила околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Лекарци во која се преврте автобус.
На месото несреќата има десетина амбулантни возила и теренот се расчистува.