Убавина на која не може да се одолее: „Инекс Олгица” со ултра модерен спа центар

Летната сезона почна, а за туристите, сепак најважно е во слободните денови да ги спојат убавината на природата и мирот со високо квалитетно уживање. Домашните и странските туристи во последно време ги менуваат навиките, па од одморот се повеќе се бара квалитетна суштина. Незаменливиот Охрид годинава очекува повеќе странски туристи, но и граѓани од земјава кои уживаат во убавината на градот и во содржните кои ги нуди.

Хотелиерите годинава ја збогатија листата услуги, а меѓу хотелите кои најмногу вложија пред почетокот на сезоната секако се двои познатиот Инекс Горица кој веќе е ребендиран и нуди нови квалитети. Оваа сезона Инекс Олгица ја почна со ексклузивен спа центар, единствен во регионот, кој навистина ја вметнува убавината на природата во модерните придобивки на ваков тип релаксација.

Зоран Манев, менаџер на хотелот вели дека со новаа содржина ќе се продолжи сезоната.

„Инекс Олгица како бренд на охридската ривиера досега пречекал  многу познати и еминентни личности кои оставиле белег во предходниот и почетокот на овој век, како политички лидери, познати домашни и странски музички имиња ,гости од различни сектори на бизнис елитата.

Епитетите за хотел со добра услуга, вкусна храна, висок квалитет и професионалност , пријатна атмосфера, тераса со уникатен поглед – се само дел од причините од укажаната доверба да бидеме домаќини на голем број на официјални и реномирани настани. Секако тоа се должи и на фактот дека Хотел Инекс Олгица и неговиот менаџерски тим постојано ги следи барањата и желбите на современиот турист. Тоа беше доволен поттик за да го изградиме нашиот спа центар . Хотелот доби нова содржина а гостите дополнителна услуга која ке ни помогне да ја продолжиме сезоната, вели Манев.

Спа центарот е опремен со базен, модерна сала за вежбање, финска сауна, парна бања со релаксација и со масажи. Хотелот кој е со пет ѕвезди и досега беше познат особено меѓу странските гости со префинет вкус, но оттаму велат дека на ваков начин треба да биде интересна понуда и за домашни гости но и за охриѓани кои можат да доаѓаат и да ги користат услугите на спа центарот.

„Што се однесува до нашата понуда и цените за периодот кој следи , хотел Инекс Олгица нуди прифатливи цени како за домашните гости и туристички агенции така и за странските туроператори со кои имаме воспоставено соработка. Секако дека во текот на целата година интензивно работиме на осмислување на специјални понуди, пакет- аранжмани, попусти итн, вели Анета Бар, генерален менаџер на Инекс Олгица.

Додава дека елитноста и реномираноста на хотелот служат како добар потсетник за домицилното население и туристите, дека и Охрид може да издвои продукт т.е услуга која ги задоволува стандардите на современото угостителство.

„Но тоа не значи недостапност за нашите согрѓани, напротив цените во хотел Инекс Олгица се прилагодени и за домашните гости да можат да уживаат во убавините и квалитетот на услугите што ги нудиме. Ентузијазмот, иновативноста и креативноста се клуч на успехот, а вложување и мотивираност на своите вработени е подлогата. Персоналот на еден објект е душата на истиот. Топлиот амбиент на хотелот, прекрасната околина и поглед кој го одзема здивот, изолираноста од градската бучава и метеж нудат можност за целосна релаксација и опуштање на гостите. Кога сето тоа ќе се зачини со професионална услуга добиваме хотел кој нуди димензија за уживање која вреди и треба да се доживее во секое годишно доба, вели Бар.

Веќе почнаа високите температури па денот кога бевме во Инекс Олгица беше навистина топол. Дел од гостите навистина беа од Охрид, останатите гости кои беа во хотелот. дел од нив на семинар кој се одржуваше овде па услугите на спа центарот им беа добредојдени како одмор.

Оваа услуга како што велат од менаџментот токму поради карактеристиките, се очекува да ја продолжи сезоната. Семинари и работилници може да има и во текот на зимата, а спа центарот од затворен тип може да функционира и тогаш. Температурата на водата е постојана до 29 степени колку што е и во просторијата. Во базенот има четири џакузи, со поглед на прекрасната тераса на хотелот и езерската убавина по која овој дел од Охрид е познат далеку.

Кога е топло базенот е отворен, а лежалките надвор се дополнителен летен детал.
Од Инекс Олгица велат дека имаат амбизиозен план да продолжат да го развиваат центарот и велат дека содржините допрва ќе се шират.

Посебен дел е делот во кој има справи за вежбање, а генерално во хотелот и со нив и со менито за пиење и храна се промовира здравата исхрана и здравите пијалоци.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password