Властите со препораки, Скопје се гуши

Град Скопје излезе со препораки за граѓаните за високото загадување. Препорачуваат да се избегнува користењето на возила, колку што е можно, а ако се користат возила, повеќе лица да се организираат да се возат во едно возило; да се користи јавниот превоз; рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.

„Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци; печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот; редовно да се чистат оџаците; да се одложат сите активности на отворено; да се почитува забраната за дотур на роба во централното градско подрачје во периодот согласно со издадените одобренија од Градот Скопје“, наведуваат од Град Скопје.

Енормно загадена е и Битола. Штетните ПМ10-честички во воздухот во изминатите два дена во овој град исто така го надминале прагот од 100 микрограми на кубен метар.

Денеска многу високо загадени се Куманово, Тетово, Битола, Скопје, Струмица и Кичево, а Гостивар е високо загаден. Другите градови се со помала загаденост на воздухот.

 

Скопје денеска е 15 најзагаден град во светот. Во топ 10 од балканските градови е Приштина, односно се наоѓа на седма позиција.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password