Иван Лотески го фати крстот во Охридско Езеро

Иван Лотески од охридската населба Варош го фати крстот фрлен во водите на Охридско Езеро за Богојавление. Ова не е првпат да скока по светиот крст, имал среќа да го фати и лани.

-Не очекував и оваа година, многу сум изненаден. Имав среќна година, се надевам дека и оваа пак, изјави Лотески пред камерите.

Од брегот на Охридско Езеро, каде што крстот го фрли митрополитот Дебарско-кичевскивладиката Тимотеј, се јави новинарката Искра Опетческа која успеа да ја земе кусата изјава од среќниот фаќач. Како што објасни таа, заедно со неговата тајфа, пеејќи ја песната на Богојавление, Лотески се упати да биде даруван од владиката Тимотеј, кој го даруваше со златно ланче со крст, додека Општна Охрид му поради икона.

По ова, фаќачот на крстот тргнува куќа по куќа, за да ја сподели радоста и да им донесе среќа со светиот крст на домаќините.

Традиционално манифестацијата по повод православниот празник Богојавление – Водици во Охрид ја следат илјадници верници и гости како од градот така и од околните градови, но и пошироко.

Од пред црквата Св. Богородица во Скопје се јави новинарката Весна Велкова Тодоровска, која разговараше со Слободан Митровиќ, координатор во секторот за катастрофи на Црвен Крст, кој е секогаш присутен на ваквите настани.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password