Каква да биде наставата: Народниот поравобранител бара дигитализација

Заменичката на Народниот правобранител, Васка Бајрамова Мустафа упати мислење до Министерството за образование и наука во кое истакнува дека  надлежните треба да ги остварат сите предуслови за дигитализација на наставата, но при тоа таа да биде достапна за сите ученици.

Таа во својот допис укажува дека не треба да се занемарат учениците кои имаат проблеми да се адаптираат на учењето од далечина, поради недостатокот или целосната оневозможеност да пристапат до онлајн платформите за учење, односно од причина што немаат технички средства и интернет конекција за комуникацијата со своите наставници.Според Народниот правобранител, учењето од дома и натаму ќе остане предизвик и бараат МОН да изготви унифициран систем за реализација на наставата.

„Народниот правобранител, следејќи ја состојбата со образованието на децата согледа дека за време на траењето на онлајн наставата (почнувајќи од средината на март, па сè до крајот на учебната година) училиштата и наставниците не добија унифициран систем, издржана платформа преку која секојдневно ќе комуницираат со учениците и ќе ја реализираат наставата. Имено, кон крајот на март со појавувањето на платформата за далечинско учење ‘Едуино’ се забележаа низа пропусти на самата платформа, првенствено поради тоа што повторно стануваше збор за еднонасочно предавање на материјалот преку кратки видеа подготвени од малкумина наставници ентузијасти, при што многу теми се повторуваа, а истовремено одредени теми воопшто не беа обработени, па дури и недостигаа цели наставни предмети. Имајќи ги предвид реакциите и забелешките на родителите и учениците, произлегува дека платформата ‘Едуино’ не беше системско решение кое беше општоважечко и обврзувачко за секое училиште, односно за секој ученик“, пишува во Мислењето на Народниот правобранител.

Народниот правобранител очекува сериозно да биде разгледано ова Мислење од страна на Министерството за образование и наука, како и органите во состав на ова Министерство, а за преземените мерки согласно даденото Мислење да се извести Народниот правобранител, во рок од 30 дена од приемот на истото, согласно член 34 од Законот за народниот правобранител.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password