Седум Авганистанци откриени во автомобил на гевгеличанец
Седум Авганистанци биле откриени во автомобил на гевгеличанец, утрово во близина на ГП Богородица.
Според МВР, патрола од граничниот премин Богородица околу 2.30 часот сопрела автомобил „сузуки свифт“ со велешки регистарски ознаки управуван од Р.М.(47) од Гевгелија.
По контролата во возилото биле пронајдени седум државјани на Авганистан на возраст од 18 до 38 години.
Мигрантите и возачот биле приведени за понатамошна постапка.