Таткото на режисерот Бојаџи приведен за криминал со артефакти

Во акцијата  биле уапсени 13 лица во неколку града, при што се привремено одземени голем број артефакти.

Режисерот објави дека во домот на неговите родители во Струмица вчера утрото бил извршен претрес, по што татко му е приведен и донесен во полициската станица во Гази Баба во Скопје.

Од МВР велат дека станува збор за сузбивање криминална група во повеќе градови во државата, при што се привремено одземени голем број артефакти, а лишени од слобода се 13 лица.

Од МВР повеќе детали најавуваат за денеска.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password