Груевски се откажа од пратеничкиот мандат

Поранешниот премиер и лидер на  ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се откажува од пратеничкиот мандат. Утрово на својот фејбук профил објави дека во следните некјолку дена ќе го извести собранието дека дека ќе се повлече од пратеничката функција.

– Одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.
Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците. Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лажни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности, напиша Груевски на фејбук.

Груевски во својот најнов статус ја опвинува власата  за како што вели притисокот и хајката што ја водат против него.

  • Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лажна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики. Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен, вели Груевски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password