И неизбежниот еврокомесар за проширување ќе дојде за референдумот
И Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување на ЕУ, ќе ја посети Македонија пред одржувањето на референдумот на 30 септември.
Хан на 17 и 18 септември пристигнува официјално во Скопје како најавен гостин на „Медиумски денови на Западен Балкан“, но и неофицијално да провери како се движат тековните активности за граѓанското изјаснување во контекст на поддршка на Спогодбата од Преспа.
Вчера и денеска своето доаѓање го најавија и американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања – Вес Мичел.