Сугаревски: Гасоводот на Водно мора да се деблокира

Изградбата на гасоводот на Водно мора да се деблокира. Проектот е од стратешко значење, се гради по најоптимална траса а градежната оператива има капацитет да ги забрза работите, дециден е министерот за транспорт Горан Сугаревски. Ова ќе бидат аргументите кои државните институции ќе ги вкрстат со граѓанските организации на новата, втора по ред јавна дебата закажана за вторник во организација на Министерството за животна средина. Иако овој проект има највисок удел во инвестициите под надлежност на Министерството за транспорт, реализацијата на гасоводот досега е минимална и изнесува едвај 8,6%.

Членовите на невладината „Го сакам Водно“, очекуваат во вторник да се расчисти дилемата дали Водно е заштитено подрачје или не, но и дека дебатите ќе продолжат се дури не се најде прифатливо решение.

Сугаревски вели дека ако се откочи изградбата на гасоводот и се интензивираат на работите на другите капитални инвестиции, во третиот и четвртиот квартал од годинава реализацијата ќе надмине 95 %. Апелираше до градоначалниците да почнат со подготовка на проекти за изградба и реконструкција на локалните патишта и комуналната инфраструктура бидјеки пари има, но не и издржани проекти.

За оваа намена ќе бидат обезбедени заеми од Светска Банка, ЕИБ и пари од буџетот, во вкупен износ од 170 милиони евра, кои за локалните власти ќе бидат достапни од следната година. Анализата на ЗЕЛС и ЈПДП покажала дека се оштетени над 1.000 километри патишта а најголем дел од нив се во источниот регион.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password