Иванов ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој
од вчера учествува на 73. Генерално Собрание на Обединете Нации во Њујорк, присуствуваше
на настанот на високо ниво – Глобален повик за акција за светскиот проблем со дрогата, со кој
претседаваa Претседателот на САД, Доналд Трамп и Генералниот секретар на ОН, Антонио
Гутереш.
Македонскиот претседател, како што соопштија од неговиот кабинет, присуствуваше на
свеченото отворање на Мировниот самит Нелсон Мандела 2018, што се одржува по повод 100-
годишнината од раѓањето на поранешниот јужноафрикански лидер.Доцна вечерта по македонско време, претседателот Иванов присуствуваше на свечениот
прием организиран од Претседателот на САД, Доналд Трамп за учесниците на 73. Генерално
Собрание на ОН.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password