ФИЛИПЧЕ: ИЛЧЕ ОД ОХРИД ПО ДЕСЕТТИНА ДЕНА ЛЕКУВАЊЕ, УСПЕА СО ПЛЕСНУВАЊЕ НА РАЧИЊАТА ДА СЕ ЗБОГУВА СО ЛЕКАРИТЕ

Илче од Охрид по десетина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него“, иформираше Филипче.

Единаесетгодишниот Илче е дете со церебрална парализа, кое беше напуштено од двајцата родители и префрлено пред десетина дена на Детската клиника во Скопје.

Илче на Клиниката беше донесен во екстремна потхранетост, со контрактури и за медицинска проценка, иследување и третман, откако со недели не јадел ништо повеќе од чаша млеко дневно, а неподвижен и беспомошен лежел на чергиче во една соба во куќа во Охрид.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password