Жан Митрев вработува, плати од 4000 евра
Одговорности и работни задачи:
Специјалистот треба да има добро разбирање не само за негата на пациентите, туку и за уникатните аспекти на болницата, културата на лекарите и клиничкиот персонал, и за тоа како овие делови функционираат заеднички за спроведување на квалитет во нега на пациентите и комплетните услуги. Да помагаат во процесот на развој на план за постигнување на организациските цели и редовно да го следат процесот за да се осигурат дека постои напредок кој води до успех Тој/таа покажува висок степен на критичко размислување, техничка вештина, иницијатива, интегритет, точност и внимателна медицинска нега.
За остварување на оваа цел неопходно е специјалистите да претстават свој личен план/ програма за реализација за 2019 година, во која детално ќе бидат објаснети процесите на развој /подобрување во специјалноста, новитетите во технологијата и услугите, како и начинот на придобивање/зголемување на пациенти.
Вештини и способности:
- Проценува, оценува, дијагностицира и обезбедува иницијален третман на пациенти од сите возрасти;
- Ги извршува сите должности и одговорности во согласност со воспоставените политики, процедури и упатства на ПЗУ Клиничка болница „ЖАН МИТРЕВ“;
- Внимателно ги користи ресурсите на болницата; ги почитува времето и ресурсите на пациентите и семејството;
- Презема одговорност за сопствените постапки и дејства; има храброст да преземе вистински чекори; искрен e и постигнува висока професионалност во сите активности преку етичко и правно однесување;
- Демонстрира храброст да преземе иницијатива за изнаоѓање на егзактни решенија;
- Демонстрира посветеност за подобрување на индивидуалните перформанси и придонесува кон постигнувањата на тимот и иницијативите за подобрување на квалитетот;
- Ги препознава и ги предвидува потребите на пациентите и се стреми да ги надмине очекувањата на пациентите;
- Демонстрира навремени и точни работни процеси и економично користење на ресурсите во секојдневната работа.
Потребни квалификации:
- Специјалистистичко медицинско образование во дејноста
- Лиценца за работа во дејноста
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик. (Познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност).
- Одлично познавање на MS Office програмот
Клиничка болница „ЖАН МИТРЕВ“ нуди одлични услови за работа и високо професионална работна атмосфера. Можност за личен развој, едукација и доусовршување, како и имплементирање на нови технологии и третмани. Основната бруто месечна почетна плата за горенаведената работна позиција, по поднесен и прифатена програма за реализација изнесува 390.000 илјади денари (нето почетна плата 240.000).
Испратете мотивационо писмо и CV електронски преку полето Брза Апликација