Главен инженер во машинско одржување, 1 лице
Друштвото за производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на 3 (три лица), динамични и мотивирани, за работа во мултидисциплинарна работна средина за пополнување на следните позиции:
1. Главен инженер во машинско одржување, 1 лице
За одржување на ротациони постројки (пумпи, горилници, вентилатори, компресори), одржување на парни и вреловодни котловски постројки.
Минимум критериуми:
• ВСС– машински факултет
• Најмалку 2 години работно искуство
• За предност ќе се смета работно искуство во одржување на ротациони постројки (пумпи, горилници, вентилатори, компресори), одржување на парни и вреловодни котловски постројки, работа со Microsoft Office (Word, Excel, Power Point)
• AutoCAD, Solid Works
• Познавање на говорен и пишан англиски јазик
• Возачка дозвола од Б категорија
Кандидатите треба да имаат способност за индивидуална и тимска работа, лојалност и одговорност, желба за работа во средина со високи барања, добри комуникациски способност, самоиницијативни, флексибилни, адаптибилни и ефикасни во извршување на секојдневните обврски. Работодавачот нуди работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
2. Оператор 2, 2 лица за ракување со термоенергетски постројки
Минимум критериуми:
• ССС / специјалист–машински техничар или електротехничар – специјалист за ракување со термоенергетски постројки со АТК
• Со и без работно искуство
• Положен испит за АТК
• Возачка дозвола од Б категорија
Кандидатите кои ќе бидат примени треба да положат стручен испит за АТК (за ракување со термоенергетски постројки со моќност над 20 MW). Трошокот за полагањето на испитот е на терет на работодавачот.
Работното место предвидува работа во смени и по потреба на повик. Кaндидатите треба да имаат способност за индивидуална и тимска работа, адаптибилни за работа во различни тимови, одговорни и со желба за работа во средина со високи барања. Работодавачот нуди работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија на македонски или англиски јазик најдоцна до 17.09.2018 год. Во предивид ќе бидат земени само пријави со биографии доставени исклучиво на следниот начин:
Електронски:
Message to: contact@beg-proizvodstvo.com.mk
Subject: Пријава: Позиција 1, или Пријава: Позиција 2
По пошта:
Производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје,
Ул. „515“ бр. 6
1000 Скопје
Пријава: Позиција 1, или
Пријава: Позиција 2