Главен инженер во машинско одржување, 1 лице  

Друштвото за производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на 3 (три лица), динамични и мотивирани, за работа во мултидисциплинарна работна средина за пополнување на следните позиции:

1.    Главен инженер во машинско одржување, 1 лице

За одржување на ротациони постројки (пумпи, горилници, вентилатори, компресори), одржување на парни и вреловодни котловски постројки.

Минимум критериуми:
•    ВСС– машински факултет
•    Најмалку 2 години работно искуство
•    За предност ќе се смета работно искуство во одржување на ротациони постројки (пумпи, горилници, вентилатори, компресори), одржување на парни и вреловодни котловски постројки, работа со Microsoft Office (Word, Excel, Power Point)
•    AutoCAD, Solid Works
•    Познавање на говорен и пишан англиски јазик
•    Возачка дозвола од Б категорија

Кандидатите треба да имаат способност за индивидуална и тимска работа, лојалност и одговорност, желба за работа во средина со високи барања, добри комуникациски способност, самоиницијативни, флексибилни, адаптибилни и ефикасни во извршување на секојдневните обврски. Работодавачот нуди работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.

2.    Оператор 2, 2 лица за ракување со термоенергетски постројки

Минимум критериуми:
•    ССС / специјалист–машински  техничар или електротехничар – специјалист за ракување со термоенергетски постројки со АТК
•    Со и без работно искуство
•    Положен испит за АТК
•    Возачка дозвола од Б категорија

Кандидатите кои ќе бидат примени треба да положат стручен испит за АТК (за ракување со термоенергетски постројки со моќност над 20 MW). Трошокот за полагањето на испитот е на терет на работодавачот.
Работното место предвидува работа во смени и по потреба на повик. Кaндидатите треба да имаат способност за индивидуална и тимска работа, адаптибилни за работа во различни тимови, одговорни и со желба за работа во средина со високи барања. Работодавачот нуди работа во сигурна и стабилна компанија, стимулативна и надпросечна плата, со можност за понатамошно усовршување и напредување.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија на македонски или англиски јазик најдоцна до 17.09.2018 год. Во предивид ќе бидат земени само пријави со биографии доставени исклучиво на следниот начин:

Електронски:
Message to: contact@beg-proizvodstvo.com.mk
Subject: Пријава: Позиција 1, или Пријава: Позиција 2

По пошта:
Производство на топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје,
Ул. „515“ бр. 6
1000 Скопје
Пријава: Позиција 1, или
Пријава: Позиција 2

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password