Тепачка во Лидл во Србија за пилешко месо – Видео
Отворањето на ланецот продавници „Лидл“ во Србија стартуваше со големи гужви, а беше избегната и една тепачка.
„Лидл“ понуди акција за пилешко месо по цена од 120 динари, односно 62 денари за килограм, а во сите 16 отворени објекти во Србија имаше потрага за тоа месо.
На снимката од Лесковац, која е објавена на социјалните мрежи се слуша караница и тргање за едно пилешко месо, а во еден момент купувачите и дојдоа до ситуација да употребат физичка сила.Како што пренесува српски Блиц, во дел од маркетите за малку ќе дошло и до тепачки. Од поинтересните моменти кои ги пренесуваат се и тоа што една Белграѓанка купила 30 пилиња, а во Нови Сад маж купил 500 килограми шеќер. Се купувале и по 10 килограми банани. Во Лесковац, пак, граѓаните заборавиле и дека се болни, па Ургентниот центар денеска имал 10 пати помалку пациенти.Како што пренесува српски Блиц, во дел од маркетите за малку ќе дошло и до тепачки. Од поинтересните моменти кои ги пренесуваат се и тоа што една Белграѓанка купила 30 пилиња, а во Нови Сад маж купил 500 килограми шеќер. Се купувале и по 10 килограми банани. Во Лесковац, пак, граѓаните заборавиле и дека се болни, па Ургентниот центар денеска имал 10 пати помалку пациенти.