Светска банка: Македонија да преземе мерки за децата да бидат поздрави

Индексот на човечкиот капитал (ИЧК) на Македонија е
понизок од просекот на регионот. Децата во Македонија, додека наполнат 18 години се очекува
да завршат 11,2 години од предучилишно, основно и средно образование. Меѓутоа, кога
годините на школување ќе се прилагодат според квалитетот на наученото, тоа е еквивалентно
на само 6,8 години што значи дека има јаз во учењето од 4,4 години, покажува најновото
истражување на Светска банка, објавено денеска.
Според истражувањето, ИЧК укажува дека дете родено денес во Македонија кога ќе порасне ќе
биде продуктивно 53 проценти од она што би можело да биде ако имало целосно образование
и било целосно здраво.
Во Македонија, ИЧК кај девојчињата еповисок отколку кај момчињата, односно изнесува 0,55
во споредба со 0,52 на скала од 0 до 1.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password