Кумуцакос: Со договорот за името се будите како членка на НАТО
Со гласање „ЗА“, според Договорот од Преспа го
задржуваат нивниот идентитет, заспиваат како мала држава на Балканот, а се будат како
членки на НАТО, вели Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката
опозициска партија Нова демократија, во интервју за грчката телевизија Скај, давајќи негова
процена во пресрет на референдумот во Македонија.
– Мотивот да се гласа „ЗА“ е многу голем. Затоа што со Договорот од Преспа, прво го
задржуваат она што го вели Заев. Името, националноста и јазикот. Односно нивниот идентитет.
И второ, добиваат интеграција во НАТО и позитивна перспектива за интеграција во Европската
унија. А прашањето, секако е што добива Грција. Ако не гласаат „ДА“, ако гласаат со „НЕ“ ќе
биде многу интензивна потврда дека во оваа земја е длабоко вкоренет национализмот и
иредентизмот. Ако гласаат „ЗА“ ќе заспијат како мала држава на Балканот и ќе се разбудат како
член на НАТО. Ако во Скопје го игнорираат ова и гласаат „НЕ“, тогаш доаѓа потврда за
долгогодишната загриженост на Грција за тоа како стојат работите во оваа земја, рече
Кумуцакос