Александер Стуб сака да го добие местото на Жан Клод Јункер
Поранешниот фински министер за надворешни работи и
поранешен европратеник сака да биде кандидатот на Европската Народна Партија (ЕПП) за
иден претседател на Европската комисија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во писмо испратено до европската демохристијанска партија еден месец пред конгресот на
оваа партија, на кој делегатите ќе го бираат ниниот кандидат, Стуб порачува дека како
кандидат ќе ги брани фундаменталните вредности на Европската Унија: демократијата,
еднаквоста, владеењето на правото, човековите права и правата на малцинствата.
Стуб додава дека европските вредности и либералните вредности на европската десница се
“под напад“ од надвор и од внатре, и смета дека треба да се “застане на барикадите“ и да се
одбранат овие вредности. Со ова, Финецот индиректно се осврнува на внатрешната битка во
ЕПП помеѓу традиционалната десница и популистичката десница предводена од политички
фигури како унгарскиот премиер Виктор Орбан.