„Замрзнат„ имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Замрзнат е имотот на опозициската ВМРО ДПМНЕ – партијата не смее ниту да издава ниту да продава недвижнини, а одлуката доаѓа од кривичниот суд по барање на специјалното јавно обвинителство поради преметот Талир во кој 14 лица се обвинети за перење на пари преку партијата во периодот од 2009 до 2015 година.

По барање на Специјалното Јавно обвинителство, судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се превземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката – информираат од СЈО.

Една од причините за оваа одлука што партијата во меѓувреме продала стан во Кисела Вода вреден 100 илјади евра, а неодамна претседателот на партијата Мицкоски рече дека размислуваат за продавање или издавање и на централниот штаб поради рационализација на трошоците.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password