Претставен албумот „Secret place“ со досега необјавени песни на Тоше

На еден ден пред одржувањето на големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, денес, четврток 1-ви ноември во 14 часот во хотелот Парк – Скопје се одржа прес конференција и промоција на неговиот нов албум „Secret Place“.  На промоцијата присуствуваше и стариот пријател на Тоше и фондацијата Проески – англискиот композитор и продуцент Енди Рајт.

Токму тој побуди голем интерес кја присутните новинари кои како за време на официјалниот дел на промоцијата внимателно ги следеа неговите раскажувања за сеќавањата на Тоше, страите и новите песни и воопшто како дошло до реализацијата на целиот овој проект.  Исто така, по завршувањето на истата англискиот продуцент даваше интервјуа, и одговарапше на прашањата на претставниците на медиумите кои се интересираа за сите непознати детали.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password