Владата на вонредна седница ќе одлучува дали ќе се оди на избори

Владата денеска најверојатно попладнево во 16 часот ќе одржи вонредна седница на која се очекува  да падне дефинитивна одлука за опцијата за излез од постреферендумската криза, неофицијално дознава Плусинфо.

Нема детали за дневниот ред на седницата, но според наши неофицијални информации можно е Владата да побара од Собранието да свика седница на која ќе биде отворена иницијативата за уставни измени.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски ниту ја потврди, ниту ја демантира информацијата за вонрената седница на Владата , додавајќи дека ќe следува соопштение во случај да биде закажана.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password