Влада: Пензионерите кои земаат под 14.000 денари нема да плаќаат за лекувањето во болница

Денеска министрите ја прифатија Предлог-програмата за обезбедување средства за болничко лекување без наплата на учество (партиципација) за пензионери и за обезбедување на средства за специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за корисниците на правото на социјална парична помош во Република Македонија за 2019-та година, соопштија од Владата по одржаната прва владина седница за годинава.

„Според програмата, пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при лекувањето во болнички здравствени установи. Додека корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги во Република Македонија, стои во соопштението.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password