Влада: Кризна состојба на јужната и северната граница

Владата денеска на седницa донесе Одлуката за кризна состојба на дел од територијата на земјава поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и поради пандемијата и опасноста од ширењето на ковид-19, а која ќе трае 30 дена.

„Со оваа одлука се утврдува постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија, и се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање и кој има задолжение да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување“, соопшти владината прес-служба.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука, додаваат од Владата, ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, а сите органи на државната управа се задолжени да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password