ШТЕТАТА ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ПРИСТАНИШТЕТО ВО БЕЈРУТ МЕЃУ 3 И 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Гувернерот на Бејрут, Мерван Абуд изјави дека штетата од експлозијата во пристаништето во тој либански град е меѓу три и пет милијарди долари.

Говорејќи за либанската новинска агенција „ННА“, Абуд за прв пат зборуваше за материјалната штета по големата експлозија.

„ННА“ соопшти дека пред експлозијата избувнал пожар во еден од магацините со експлозиви во пристаништето Бејрут.

Претходно, шефот на либанската полиција Абас Ибрахим изјави дека експлозијата се случила во магацин во кој биле сместени претходно запленети експлозиви.

Експлозијата се случи веднаш по 18 часот во пристаништето во Бејрут вчера. Според извештаите на медиумите, најпрво избувнал пожар во еден од магацините, проследено со експлозија која се слушнала и во предградијата.

Видеа се објавени на социјалните медиуми кои покажуваат дека станува збор за многу моќна експлозија.

Според последните бројки објавени од либанскиот Црвен крст, во експлозијата загинаа најмалку 100 луѓе, а повредени се околу 4.000.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password