Vatican News го додаде македонскиот јазик како 34. на својот портал

Точно еден месец пред официјалната посета на папата Франциск на Република Северна Македонија, закажана за 7 мај, Vaтican News го додаде македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на страниците на овој портал, наведе Vatican News.

Католиците кои живеат во Република Северна Македонија на овој сајт ќе можат да најдат вести за папата Франциск, за Ватикан и за католичката црквa ширум светот на нивниот македонски јазик, како етнички Македонци кои живеат во дијаспората.

Порталот наведува дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици. Во новиот сајт на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци, а ќе се грижи за пораките на папата, благодарение на договорот меѓу Одделот за комуникации (Vatican Dicastery for Communikation) и локалнaтa црква.

Скопскиот бискуп Киро Стојанов наведе дека присуството на Vaтican News е „првиот плод од апостолската посета на папата Франциск на 7 мај“.

Македонскиот јазик веќе беше присутен на веб-сајтот на Ватиканското радио, пред да премине во порталот Vaтican News.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password