Уставен суд ја отфрли иницијативата за оспорување на одлуката за референдум
Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на
уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од
Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година.
За отфралење на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца – Елена Гошева и
Јосиф Јосифовски.
Судијата известител Елена Гоешва претходно предложи да се поведе постапка за одлуката за
распишување референдум и да се изрече времена мерка и запирање на сите активности на
извесен период.
Според неа, одлуката содржи повеќе правни недостатоци. Прашањето за референдумот, како
што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот
назив на договорот од Преспа. Гошева смета дека одлуката за референдумот не содржи
четири од седум елементи за референдум. Според неа, прашањето треба да е поделено на три
прашања.