Три неуспешни обиди Заев да слета во Скопје: Авионот пренасочен кон Софија

Авионот во кој се наоѓа премиерот Зоран Заев, враќајќи се од самитот во Давос, вечерва не можеше да слета во Скопје поради снежната бура која ја зафати Македонија.

Како што дознаваме, авионот е пренасочен кон Софија каде треба да слета, а потоа со автомобил да продолжи кон Скопје, каде во тек е состанокот на кој треба да се одлучи дали СДСМ ќе прифати предвремени парламентарни избори.

Тв 24 јави дека повеќе од половина час, авионот пилотот неуспешно неколку пати се обидел да го приземји авионот, по кружењето над Скопје. Според информациите на ТВ24 слетувањето било пренасочено на аеродромот во Софија, Бугарија. Во Давос беа и Кочо Анѓушев и Крешник Бектеши.

Заев требаше веќе да биде во партсикото седиште на СДСМ, каде пред Централниот Одбор на кој ќе се одлучува за двојни избори, се одржуваат координација и извршен одбор.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password