Ризница на симптоми и дијагнози за детски болести: Промовирана книгата на проф. д-р Зоран Трајковски

Во 17 поглавја, секое насловено по посебен водечки симптом, проф. д-р Зоран Трајковски во својата нова книга Практична педијатриска радиологија – од симптом до дијагноза, прецизно прави елаборација на симптомите, сè до дијагноза на болестите. Книгата беше промовирана вчеравечер во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Во време кога домашните автори, доктори специјалисти и професори сè помалку пишуваат, новото дело на проф. д-р Трајковски, еден од врвните радиолози и радиодијагностичари во земјава, е вредно четиво за специјализанти, студенти, доктори…

„Книгата е практична затоа што може да ја отворите и веднаш да видите тоа што ве интересира, да го видите главниот симптом и како најбрзо да се стигне до дијагноза. Педијатриска е затоа што најмногу теми се од детската патологија. Користени се најбрзи протоколи за дијагностика. Инаку, лично доста ме радува што излезе делото. Во ова време во државата сè помалку се пишува, па секоја нова книга е вредност. Концептот на пишување е невообичаен, затоа што не пишував само за радиологија и радиодијагностика“, вели проф д-р Зоран Трајковски.

Книгата има примери, фотографии, шеми и е практична литература за луѓе на специјализација по радиологија, по педијатрија, по фамилијарна медицина, за матичните доктори, за специјализација по детска хирургија, хирургија.

Промоцијата на книгата беше во присуство на доста гости, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “, проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на Медицинскиот факултет, г-ѓа  Соња Топузовска, и менаџментот на болницата.

На промоцијата зборуваа рецензентите на книгата, академик Нада Поп – Јорданова, самата автор на над 400 научни трудови, објавени во меѓународни научни списанија, и почитуваниот проф. д-р Перо Петровски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password