Почнаа уписите во прво одделение – невакцинираните ќе си седат дома

Почнаа уписите во прво одделение, но не и за децата што не ја примиле МРП вакцината. Владата уште еднаш потсети – дечињата кои не ја примиле вакцината против мали сипаници не ќе може да седнат во училишните клупи. Владиниот портпарол вели дека ова е јасно прецизирано во Законот, во кој исто така стои и дека основното образование е задолжително. Прашан на кој начин не вакцинираните деца ќе се стекнат со знаење, тој со контрадикторен одговор.

Според Законот за основно образование, за упис во училиште родителите, покрај другите документи мора да приложат и Потврда за примени задолжителни вакцини. Од Министерството за здравство велат дека вакви потврди се издаваат само на вакциналните пунктови.

„Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, информираат од Министерството.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password