Пендаровски: Растее расположението во корист на референдумот
Расположението во корист на референдумот и за
опцијата за европска Македонија расте од ден на ден и јас мислам дека бројот на оние што ќе
гласаат „за” ќе биде неколку пати поголем од бројот на тие што ќе гласаат „против”, изјави
денеска Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, кој дојде во Неготино и
остварува средби со неготинчани.
Ваквото негово мислење, рече, го темели на тоа што го следи на терен и според анкетите на
дневна основа.