Пендаровски: До последен момент лобираме за датум

По посетата на кумановската касарна, претседателот Стево Пендаровски изјави дека државниот врв до последен момент лобира да се добие датум за преговори и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, Пендаровски смета дека евроитеграцијата останува единствена опција за државата.

– Се прават последни дипломатски напори од наша страна бидејќи работата не е завршена. Денеска почнува состанокот на лидерите на ЕУ што ќе трае и утре. Проширувањето е на дневен ред утре околу пладне кога треба да се донесе формална одлука. Се прават последните напори околу формулациите кои ќе бидат употребени. Во овој момент јас не би одел со сигурен став дека ќе биде ригидно одбиено нашето барање за почеток на пристапните преговори затоа што и премиерот Заев и министрите Османи и Димитров и јас лобираме до последен момент да добиеме формулација која навистина ќе ги вреднува нашите напори во изминатиот период – изјави Пендаровски.

Тој додаде дека целта е да добиеме што е можно порано датум за преговори со ЕУ за да може да се влезе во длабоки реформи со асистенција од Брисел.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password