Откажани летови од аеродромот во Скопје

Густата магла која го покри главниот град предизвика проблеми во авио сообраќајот. Утринава се откажани неколку летови од Меѓународниот аеродром Скопје. Откажани се слетувањата и полетувањата за Истанбул и за Атина. Авионите кои доаѓаат од Доха и од Дубаи се пренасочени кон Софија, а патниците кои доаѓаат од Варшава ќе слетаат во Охрид. До пладне, слета единствено авинот на „Визер“ на линијата Берлин- Скопје.

Од скопскиот аеродром беа остварени летовите во раните утрински часови, а по 8 часот летна само авионот на летот на „Визер“ за Малме. Авионот на „Аустриан“ за Виена закажан за 12,40 часот, не полета ни по задоцнување од еден час. И во претходните денови поради магла и намалена видливост повеќе летови беа откажани или пренасочени кон други аеродроми.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password